Силен земјотрес го разбуди Драч

Земјотресот со послаб интензитет бил почувствуван во југозападните делови на Македонија.

648

Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала ја погоди Албанија утрово, а земјотресот се почувствувал и во Црна Гора.

Земјотресот е регистриран во 7.19 часот, со епицентар на 28 километри северно од Драч (Албанија). Големината на земјотресот во хипоцентарот (жариште) беше 4,4 единици од Рихтеровата скала, што одговара на епицентрален интензитет од V-VI степени од Меркалиевата скала, пренесува порталот РТЦГ.






Како што објавија сеизмолошките опсерватории епицентарот на потресот бил во Јадранското море, на длабочина од 10 километри.

Земјотресот со послаб интензитет бил почувствуван во југозападните делови на Македонија.

Засега нема информации за жртви или за материјални штети.

Поврзани содржини