СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ЈА КРЕНА ТУРЦИЈА НА НОЗЕ Се треселе зградите во Аланија
Загрижените граѓани коментирале дека земјотресот бил навистина силен, но засега нема информации за повредени или за материјални штети.
Силен земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала го погоди подрачјето на Турција, објави ЕМСЦ.
Засега нема информации за повредени или за материјални штета.
„Зградата се тресеше“, „Беше навистина силен“, „Се тресеше, лустерот се нишаше“, се само дел од коментарите на граѓаните на веб-страницата на ЕМСЦ.