СИЛЕН СЕВЕРЕН ВЕТЕР ПРЕТПЛАДНЕ Остатокот од денот ќе биде сончев

135

Времето денеска во утринските часови ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а во источните делови и вдолж Повардарието засилен северен ветер.

Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 26 степени.






Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 24 степени.

Локални врнежи од дожд ќе има утре, а потоа следува период на стабилно време со умерен, повремено засилен ветер од северен и северозападен правец, информираат од УХМР.

Поврзани содржини