СИЛЕН СЕВЕРЕН ВЕТЕР НАД 60 КИЛИМЕТРИ НА ЧАС ЌЕ ДОНЕСЕ СТУД Утрата ќе бидат во „дебел“ минус
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен повремен засилен ветер од северен правец.
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец со брзина над 60 километри на час.
Температурата ќе се спушти најниско во Берово, каде утринската ќе изнесува минус 5, а најтопло ќе биде во Гевгелија, каде дневната ќе се искачи до 10 степени Целзиусови.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен повремен засилен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од минус 2 до 8 степени.
Од задутре следува период на стабилно и студено време со ниски утрински температури. кои насекаде ќе бидат негативни. Особено студени ќе бидат утрата во првите денови од следната седмица, кога наместа ќе се спуштат до минус 10 степени.
Во деновите од викендот ќе дува засилен до силен северен ветер, кој локално ќе достигне брзина над 60 километри на час.
