СИЛЕН РАСТ, ОДГОВОРНО И ОДРЖЛИВО РАБОТЕЊЕ Успешно прво полугодие за НЛБ Банка
Финансиски „бум“ во првата половина од 2025, раст на кредитите, депозитите и активата, Банката најавува уште посилна втора половина.
НЛБ Банка ја заокружи првата половина од 2025 година со рекордни финансиски резултати и силен раст на сите клучни индикатори. Според неревидираните податоци за периодот од 01.01 до 30.06.2025, Банката остварила нето добивка од дури 1.610.020 илјади МКД (над 26 милиони евра).
– Овој резултат е одраз на внимателно спроведената деловна стратегија, посветеноста на тимот и довербата која секојдневно ја добиваме од нашите клиенти. Силниот раст е резултат и на стабилната поддршка на реалната економија и одговорниот пристап кон ризиците – велат од НЛБ Банка.
Според анализата вкупната актива на Банката е зголемена за 18,5% на годишно ниво, вкупните кредити на небанкарскиот сектор пораснале за 18,9%, а вкупните депозити пораснале за 17,6%.
Овие бројки, според Банката, го потврдуваат нејзиниот активен придонес кон економскиот развој и ја рефлектираат довербата која граѓаните и компаниите ја имаат кон неа.
– Нашата цел отсекогаш била да бидеме повеќе од банка, да бидеме партнер во растот на клиентите и економијата. Овие резултати се доказ дека сме на вистинскиот пат – додаваат од НЛБ Банка.
Покрај финансиските резултати, НЛБ Банка и во првата половина од 2025 продолжила со силен фокус на општествена одговорност, поддржувајќи проекти од културата, спортот, образованието и низа хуманитарни иницијативи.
– Одржливоста и општествената одговорност се клучни делови од нашата стратегија. Преку конкретни дела – не само зборови, инвестираме во заедницата и иднината – велат од Банката.
НЛБ најавува дека и во втората половина од годината ќе продолжи со фокус на иновативни дигитални решенија, подобрување на корисничкото искуство и зајакнување на односите со клиентите.