СИЛЕН ПОЖАР ВО ВИСОКОКАТНИЦА ВО ЦЕНТАРОТ НА МОСКВА Тројца загинаа, а четворица се повредени

„Точната причина за пожарот ќе биде утврдена врз основа на резултатите од истрагата за противпожарна безбедност“, соопштија од полицијата.

91

Три лица загинаа, а четири се повредени во пожар што избувна во станбена зграда во центарот на Москва, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации. Пожарот, кој избувнал во ходник на деветкатна зграда, е изгаснат, пренесе агенцијата ТАСС.

Противпожарно-спасувачките екипи евакуирале 19 лица, меѓу кои и пет деца. Во интервенцијата учествувале 86 припадници на службите и 23 единици опрема. Надлежните најавија дека ќе биде спроведена истрага за утврдување на причините за пожарот.






„Точната причина ќе биде утврдена врз основа на резултатите од истрагата за противпожарна безбедност“, соопштија од полицијата.

Според дописникот на ТАСС, целосно изгорел балкон на вториот кат, а оштетувања има и на уште три балкони на повисоките катови. Противпожарните екипи продолжуваат со активности на терен, додека жителите на евакуираните станови чекаат проценка од надлежните служби за да можат да се вратат во своите домови.

Поврзани содржини