Силјановска за Заев и Пендаровски: Антихерои без татковина
Таа е ЕДНА и не се менува-кажа Бернард Шо! Ќе напишеше трагедија за вас - смета Силјановска за некористењето на придавката Македонски од страна на претседателот и премиерот.
Остра реакција од страна на професорката и пратеничка Гордана Силјановска Давкова поради неименувањето на првиот и третиот човек во власта на сребрениот Георгиевски како македонски.
– „Нашиот олимписки херој“ (Пендаровски) и „нашиот олимпиец“ (Заев) е Дејан Георгиевски, МАКЕДОНСКИ херој и МАКЕДОНСКИ олимпиец, господа претседател и премиер на ВАШАТА земја. Вие сте антихерои без ТАТКОВИНА. Таа е ЕДНА и не се менува-кажа Бернард Шо! Ќе напишеше трагедија за вас – смета Силјановска за некористењето на придавката Македонски од страна на претседателот Пендаровски и премиерот Заев.
„Нашиот олимписки херој“(Пендаровски) и „нашиот олимпиец“(Заев) е Дејан Георгиевски, МАКЕДОНСКИ херој и МАКЕДОНСКИ олимпиец, господа претседател и премиер на ВАШАТА земја.
Вие сте антихерои без ТАТКОВИНА. Таа е ЕДНА и не се менува-кажа Бернард Шо! Ќе напишеше трагедија за вас.— Гордана Сиљановска Давкова (@gogamkd) July 28, 2021
За потсетување, таекводистот Дејан Георгиевски вчера на Олимписките игри во Токио дојде до сребрениот медал во категоријата над 80 килограм, откако во финалето загуби од Русинот Владислав Лаврин, а овој поради овој успех на македонскиот Олимпиец, честитки пристигнуваа од сите страни во земјава.