Силјановска: Мијалков беше како во филмовите „Роки“ и „Кум“, а Заев и судија и обвинител
Од температура над 40 степени и потоа облекување на маица. Неверојатно нешто. До ваши колеги новинари кои случајно се најдоа на тоа место. До опис, прво на бегство, па потоа присуство овде. Многу дилеми има и тоа фрла темна сенка на Обвинителството, рече Силјановска Давкова.
Случајот со бегството на Мијалков наликува на филмови како „Роки“ и „Кум“, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова во Дневникот на Сител.
– Јас се чудев како можеше денеска премиерот да има повеќекратна улога. Да одговара и во својство на јавен обвинител, истражен судија, судија. Тој го опиша целиот процес. Добивме впечаток како да се работи за некој филм, како „Роки“, да речеме, или „Кум“. „Јас не би можел да кажам бидејќи постапката трае во кого може да се лоцира вината, бидејќи тоа ќе го кажат судските органи“ – таков одговор очекував денеска од премиерот. Очекував да одговара министерот за правда, министерот за внатрешни работи. Меѓутоа, шокантно делуваше сѐ што се случуваше, наликуваше на филм – рече Давкова.
Таа смета дека целиот процес остава повеќе отворени прашања.
– Од температура над 40 степени и потоа облекување на маица. Неверојатно нешто. До ваши колеги новинари кои случајно се најдоа на тоа место. До опис, прво на бегство, па потоа присуство овде. Многу дилеми има и тоа фрла темна сенка на Обвинителството – рече Силјановска Давкова.