Нападот врз Игор е срамен и кукавички чин. Одраз на нецивилизираност и многу страв. Соочени и исплашени од секојдневните нивни порази, како и тие кои допрва претстојат, посегнуваат по варварски методи. Нешто што е заштитен знак за голем број ликови во и околу нашата Влада, пишува на Фејсбук професорката Гордана Силјановска Давкова, за нападите врз Дурловски.
„Да ви порачам нешто. Заканите повеќе не поминуваат. Особено кај изградени, неизвалкани и надпартиски личности. Ги повикувам институциите итно да постапат и да го решат случајот.
Ги повикувам сите останати, а особено г. Заев и неговата политичка партија јавно да го осудат овој настан и да се оградат. Ако можат!? Времето на неказнивост завршува. Доаѓа обновата, а со себе ја носи и правдата! Игор, гордо напред!“, пишува Силјановска Давкова.