Силјановска Давкова: Сега почетните позиции на Бугарите се тие што ги кажа Заев во интервјуто
Бугарите нема да отстапат од гаранциите од премиерот. Сега почетните позиции не се нашите, туку се она што го кажа премиерот Заев. Нема во меѓународните односи дека можеби згрешил, можеби не ги употребил вистинските зборови, нема. Тоа е нешто што е потврдено и гарантирано, за жал - рече Силјановска Давкова.
Легитимитетот на Зоран Заев не произлегува од неговиот ренесансен ум, ниту од неговата партија, тој произлегува од пратениците, рече пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, во емисијата „Што не е јасно“.
Силјановска Давкова посочи дека наместо Заев да ги имитира бугарските политичари и да побара лидерска средба за да информира што бараат Бугарите, тој молчи.
– Премиерот, замислете, небаре е крал или цар, изјавува дека не сака да влезе во кавга со лидерот на најголемата опозициска партија. Оти тоа ќе му наштети на неговите клучни разговори и преговори со Бугарија – рече Силјановска Давкова.
Таа додаде дека Заев ѝ нанел непоправливи штети на Република Македонија.
– Бугарите нема да отстапат од гаранциите од премиерот. Сега почетните позиции не се нашите, туку се она што го кажа премиерот Заев. Нема во меѓународните односи дека можеби згрешил, можеби не ги употребил вистинските зборови, нема. Тоа е нешто што е потврдено и гарантирано, за жал – рече Силјановска Давкова.