Силјановска Давкова: Не климајте со глава, немате појма од право

Спикерот Џафери интервенираше - имавме претседател на комисија со електро-технички факултет и не гледам спорно ништо, тука.

1,927

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова од собраниската говорница денеска побара кадрите што влегуваат во комисиите да имаат познавања од областа каде што се поставени и предложи, а Собанието да има увид во нивните професионални биографии по примерот на Словенија.

По гласната реакција на пратениците од власта, Силјановска Давкова се налути и рече






– Не климајте со глава, немате појма од право.

По ова следеше аплауз од пратениците од опозицијата, а оние од власта продолжија да дофрлаат „што се замислува“, „подобро послабо образование отколку криминал со фришопови“, Силјановска Давкова продолжи:

– Што се замислувам- професор „honoris causa“. И Ве молам од место да не комуницирате, така вели Претседателот. Но, не невообичаено тоа, да имаме такви кадри, кога еве денеска имаме 67 подготвени само за кревање рака.

Интервенираше и спикерот Џафери.

– Немате право да оспорите право на друг пратеник. Без оглед на што мислевте, немате потреба да му се обратите на пратеник и да му кажете дека нема појма од право. Имавме претседател на комисија со електро-технички факултет и не гледам спорно ништо, тука. Немате право да се мешате во изјаснувањето на пратениците. Кој е „за“ , кој ќе крене рака,нормално, а ако има копче ќе притисне на него. Не сме на Правен факултет, а доколку имаме потреба, ќе ве бараме за совет. Избрани сме од граѓаните, и тие имаат единствено право да го отповикаат нашиот мандат – рече Џафери.

Поврзани содржини