Силјановска Давкова: Наука со 0,1 отсто не може да имаме, во образованието има залутани луѓе

328

Гордана Силјановска Давкова, носител на изборна единица 1 посочи дека по 15-ти јули кога ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите ќе започнат сериозни реформи во образовниот систем бидејќи се неопходни, соопшти партијата.

– Во образованието на сите нивоа имаме залутани луѓе. Наука со 0,1 проценти не може да имаме. Срамота. Во програмата е првиот чекор кон Обновата. Зголемување на финансиите. Да не ги земаат најдобрите студенти странците – појасни Силјановска Давкова.






Силјановска Давкова додаде дека шесте државни универзитети не треба да се фабрики за вработување во јавната администрација.

– Новата влада која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ се обврзува дека ќе плати за објавување во web of science и ќе зголемување на платата за 50 отсто – истакна Силјановска Давкова

Силјановска Давкова посочи дека во програмата има предвидено и стипендии за ученици и студенти.

– Не сите имаат компјутери, не може во ковид време сите да се online. Мора државата да помогне, и обновата тоа таа го нуди – рече вчера Силјановска Давкова.

Таа додаде дека за жал странците ништо не знаат за нас, затоа мора да имаме наша литература.

Силјановска Давкова вети дека кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предводи новата влада сигурно еден од нашите универзитети ќе биде меѓу првите 1000 универзитети на Шангајската листа.

 

Поврзани содржини