„СИЛЈАН“ ЌЕ СЛЕТА ПРЕД МАКЕДОНСКАТА ПУБЛИКА Премиерата е на 4 јануари во МНТ

„Приказната за Силјан“ е ново авторско остварување на режисерката Тамара Котевска по светскиот успех на „Ханиленд“, филм кој ја постави Македонија на мапата на современиот документарен филм.

73

Најновиот документарен филм на македонската режисерка Тамара Котевска, „Приказната за Силјан“, ќе ја има својата македонска премиера на 4 јануари 2026 година (недела), со почеток во 20:30 часот, во Македонскиот народен театар.

Филмот, кој веќе зад себе има значајни меѓународни фестивалски прикажувања, ја раскажува интимната и симболична приказна за односот меѓу човекот и природата, преку следење на животот на еден земјоделец и повреден бел штрк – мотив инспириран од македонскиот фолклор и митологија.






За „Приказната за Силјан“ светските критичари пишуваат дека е „триумф“, „апсолутен шармер“ и „импресивно дело“, а го опишуваат и како „прекрасна и нежна меланхолија, деликатно поврзана со екосистемот што трпи притисок од социополитичките кризи во Македонија“.

„Силјан“ е ново авторско остварување на Котевска по светскиот успех на „Ханиленд“, филм кој ја постави Македонија на мапата на современиот документарен филм. Новиот проект продолжува во поетски и хуманистички клуч, со нагласена визуелна тишина и силна метафоричност.

Билетите ќе бидат пуштени во продажба во понеделник, 29.12.2025 преку платформата на drugastrana.mk

По празниците филмот ќе продолжи да се прикажува во Скопје и низ останатите македонски градови.

Поврзани содржини