СИГУРЕН СТАРТ НА КАЛИН ИВАНОВСКИ Македонецот го реши Колумбиецот по брза постапка

Ивановски имаше одличен старт на мечот и водство во првиот сет од 4:0 во гемови, за првиот сет да го заврши со 6:2. Во вториот сет македонскиот тенисер успеа да поведе со 3:0, а потоа ривалот го освои единствениот гем во вториот сет, кој заврши со 6:1 во гемови.

316

Македонскиот тенисер Калин Ивановски (осми носител) имаше успешен почеток на ИТФ турнирот М15 Куршумлијска Бања. Со убедлива победа и три загубени гема тој за 70 минути игра го победи Фрејзлер Ренгифо од Колумбија со 2-0 во сетови (6:2, 6:1).

Ивановски имаше одличен старт на мечот и водство во првиот сет од 4:0 во гемови, за првиот сет да го заврши со 6:2. Во вториот сет македонскиот тенисер успеа да поведе со 3:0, а потоа ривалот го освои единствениот гем во вториот сет, кој заврши со 6:1 во гемови.






Во следната рунда Ивановски ќе игра со победникот од мечот Сирил Пилонел од Швајцарија и Ѓорѓе Спасиќ од Србија.

На турнирот во првото коло денеска беше елиминиран македонскиот тенисер Горазд Србљак, кој претходно имаше три победи во квалификациите.

Поврзани содржини