📽 СИБИРСКИ ТЕМПЕРАТУРИ ВО КИНА Во западниот регион на земјата се измерени -52 степени

Поради снежната бура и замрзнатиот дожд што зафати делови од Кина, дојде до застој во патниот и железничкиот сообраќај.

208

Во регионот Ксинџијанг на крајниот запад на Кина е забележана температура од минус 52,3 степени, со што е соборен рекордот стар 64 години.

Според кинеските медиуми, рекордот беше соборен вчера во градот Туерхонг, а претходно ваква ниска температура во овој кинески регион е измерена на 21 јануари 1060 година кога живата во термометарот се спуштила на минус 51,5 степени.






Поради снежната бура и замрзнатиот дожд што зафати делови од Кина, дојде до застој во патниот и железничкиот сообраќај. Метеоролозите предупредија на замрзнати патишта, а до четврток се очекуваат врнежи низ Кина.

Најмногу врнежи се очекуваат во Монголија, североисточна Кина, централната провинција Хубеи и провинцијата Хунан на југ.

Поврзани содржини