„СИ СТАВААТ ПАРТИСКИ МИЛИОНИ ВО ЏЕБ, ПА БАРAАТ ДОНАЦИИ ЗА ЛЕВИЦА“ Манасиевски ги обвини Апасиев и Мециновиќ за лицемерие
Вакви луѓе, кои немаат визија, немаат идеја и немаат ниту едно решение за ниту еден проблем, а знаат само да лажат и да манипулираат, се прочитани од народот, вели Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
Дуото Апасиев-Мециновиќ си пикнало во џеб милиони од Левица, а на поддржувачите им велат донирајте ни пари, рече денеска Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
– Глумците Димитар Апасиев и Амар Мециновиќ кои се претставуваат за скромни и чесни луѓе пред граѓаните, се само обични лицемери и луѓе кои свртеле милионски суми во своите џебови од сопствената партија. Лицемерието во Левица е огромно. Говорат дека се работничка партија и молат за донации, па си ги делат два-тројца од врвот на Левица. Но, тоа не на зачудува од вакво тип на лицемерни и дволични политичари, кои денес зборат и прават едно, утре друго – рече Манасиевски.
Вакви луѓе, кои немаат визија, немаат идеја и немаат ниту едно решение за ниту еден проблем, туку знаат само да лажат и да манипулираат, се прочитани од народот, додаде тој.
– Апасиев, Мециновиќ и Левица се демаскирани – рече Манасоевски од ВМРО-ДПМНЕ.