СИ ПОСТИРАЛ СЛИКА ОД ПАТОТ, УШТЕ ДА ГО „ТАГНЕЛ“ ПАЛЧО ДЕКА ПИЕ КАФЕ СО НЕГО Стефан Димковски го возел осомничениот Палевски кон Турција

Според обвинителството, тој на 2 декември му помогнал на Палевски, по кого е распишана меѓународна потерница за киднапирање и убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска, да стигне од Србија до Турција со возило „Ленд Ровер“. За него е побаран 48-часовен притвор.

5,414

46-годишниот струмичанец Стефан Димковски кој живее во Скопје, татко на две деца, е возачот кој го превезувал Љупчо Палевски Палчо осомничен за убиството на 14 годишната Вања, од Белград до граничниот премин со Турција – Капетан Андреево.

Тој вчера попладне е уапсен од македонската полиција на граничниот премин Дојрани кога се враќал во земјава.






Но тој самиот си постирал слики на ФБ од рутата токму на денот кога се возел со осомничениот за убиство Палчо.

Откако бил уапсен на граничниот премин тој детално ги кажал плановите и локациите на бегалецот каде ќе престојува во Турција по што според извори од истрагата, МВР ја известува турската полиција да го уапси. Димковски е во притвор.

Дополнително, Димковски си објавил и слика со првоосомничениот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Според обвинителството, тој на 2 декември му помогнал на Палевски, по кого е распишана меѓународна потерница за киднапирање и убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска, да стигне од Србија до Турција со возило „Ленд Ровер“. За него е побаран 48-часовен притвор.

„Основаното сомневање дека осомничениот го сторил кривичното дело произлегува од досега прибавените докази од Бирото за јавна безбедност, Сектор за меѓународна полициска соработка доставено до СВР Скопје во кое е наведено дека лице осомничено дека сторило кривично дело, по кое сега е распишана меѓународна потерница, на 02.12.2023 година било регистрирано на граничните премини во Р.Бугарија и тоа со влез во Р.Бугарија на ГП Калотина и излез од Р.Бугарија на ГП Капитан Андреево (кон Р.Турција). И двете регистрации се со возило марка Ланд Ровер, управувано од осомничениот. Лицето е лишено од слобода и со него полициски службеници од Секторот за меѓународна соработка извршија информативен разговор. Во конкретниот случај, постојат околности кои го оправдуваат стравот за опасност од бегство, како и особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повтори кривичното дело, со оглед на околностите за видот и карактерот на делото, запретената казна и последиците од истото“, наведено е во соопштението.

Поврзани содржини