СИ ГО ОДРЖУВА ЗДРАВЈЕТО СО МАСЛО ОД ЛЕШНИЦИ Производители на лешници, чипс и масло од лешници, вредни како верверици

Семејството Перески од струшкото село Ложани, се производители на лешници, чипс и масло од лешници и во нивниот дом ги консумираат постојано и на најразлични начини. На главниот „виновник“ за ова, Зоран, му помогнале да се избори со страшната болест, а неговата сопруга Орнела и ќерката Мишела ги консумираат превентивно

1,550

Благодарни сме на секој витамин и минерал кој на природен начин го внесуваме во организмот консумирајќи ги секојдневно лешниците и маслото кое го правиме од нив“, вели Мишела Переска која заедно со нејзините родители се занимава со лешници и со производство на ладно цедено масло од лешник.

На ова семејство, сопружниците Зоран и Орнела и нивната ќерка Мишела, земјоделието им е хоби, а она што ги поттикнало да почнат да се занимаваат со лешници и особено со производство на ладно цедено масло од лешници, била болеста на Зоран и информациите за здравствените придобивки кои слушнале дека ги има ова масло кое со право се нарекува лек за превенција од многу болести






Семејството кое претходно немало никаква врска со производство на храна, Зоран е градежен техничар, Орнела е медицински лаборант, а Мишела, најмладата во тричленото семејство, е дипломиран сообраќаен инженер, ги насадило лешниците пред 10 години во струшкото село Ложани.

Целиот текст прочитајте го на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини