Си-Ен-Ен: Трамп во последен момент го помилувал и поранешниот сопруг на негова сојузничка од Фокс Њуз
Во последните моменти од своето претседателствување, досегашниот американски претседател, Доналд Трамп, го помилувал и Алберт Пиро, пренесе Си-Ен-Ен.
„Денеска претседателот Доналд Трамп му даде целосно помилување на Алберт Пиро јуниор“, кажа Џад Дир во изјава за медиумите.
Алберт Пиро е поранешен сопруг на сојузничката на Трамп, Џанин Пиро, поранешна судијка, обвинител и политичарка која ја уредува емисијата „Правда со судијката Пиро“ на конзервативната „Фокс Њуз“.
Пиро е осуден за затајување данок, откако незаконски одзел 1,2 милиона долари преку отпис на лични трошоци во деловни активности, пренесе Си-Ен-Ен