„СИ-ЕН-ЕН“ ЈА ОТПУШТИ ВОДИТЕЛСКАТА ЅВЕЗДА Ова е причината зошто Дон Лемон доби отказ по 17 години работа

Водителот, кој доби отказ по обвинувањата дека во текот на кариерата ги малтретирал колешките, самиот ја објавил веста за отказот со објава на социјалната мрежа Твитер каде напишал дека е шокиран.

278

Дон Лемон доби отказ од „Си-ен-ен“ по 17 години работа на ТВ-станицата. Водителот, кој доби отказ по обвинувањата дека во текот на кариерата ги малтретирал колешките, самиот ја објавил веста за отказот со објава на социјалната мрежа Твитер каде напишал дека е шокиран.

„По 17 години во „Си-ен-ен, некој од управата можеше барем да има толку пристојност да ми го каже тоа директно“, напиша меѓу другото Лемон.






„Си-ен-ен“ ги демантираше неговите тврдења на Твитер. Тие напишаа дека имал можност да се сретне со раководството, но наместо тоа објавил изјава на Твитер.

„Дон засекогаш ќе биде дел од семејството на „Си-ен-ен“ и му благодариме за неговиот придонес во изминатите 17 години. Му посакуваме се најдобро и ќе го бодриме во неговите идни достигнувања“, се вели во официјалното соопштение за печатот на телевизијата, потпишан од извршниот директор Крис Лихт.

Лемон, долгогодишен водител на програмата во најгледаниот вечерен термин, а неодамна ја водеше емисијата „Си-ен-ен ова утро“, се најде на удар на критики откако сугерираше дека на жените над 50 години „им поминало времето“. Многу гледачи бараа тој да биде отпуштен поради тој коментар.

 

Поврзани содржини