📷 СИЉАНОВСКА ДАВКОВА НА ГОСТИ КАЈ МАКРОН „Мир со природата е предуслов за благосостојба на човештвото“

„Чест ми е што сум меѓу гостите на претседателот Макрон, којшто е домаќин на глобален настан со исклучителна важност за иднината на светот. Овој собир претставува обид да се постават основите за превенција на далекусежни еколошки последици“, истакна Сиљановска Давкова преку објава на социјалните мрежи.

1,266

Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска Давкова, учествува на третата Конференција на Обединетите нации за океанот, што се одржува во Париз под покровителство на претседателот на Француската Република, Емануел Макрон. Настанот собра бројни светски лидери и претставници на меѓународни институции, со заедничка цел – подигнување на глобалната свест и преземање конкретни чекори за заштита на океаните и животната средина.

„Чест ми е што сум меѓу гостите на претседателот Макрон, којшто е домаќин на глобален настан со исклучителна важност за иднината на светот. Овој собир претставува обид да се постават основите за превенција на далекусежни еколошки последици“, истакна Сиљановска Давкова преку објава на социјалните мрежи.






Таа потенцираше дека, заедно со други високи гости, меѓу кои и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и новоизбраниот претседател на Европскиот совет, Антонио Кошта, се разговарало за нужноста од „склучување мир со природата“ – формулација што според неа ја отсликува суштинската борба на човештвото против климатската криза.

На конференцијата, која се смета за еден од клучните дипломатски и еколошки настани во 2025 година, се разгледуваат теми поврзани со одржливото управување со морињата и океаните, намалувањето на пластичниот отпад, заштитата на морската биодиверзитет и справување со последиците од климатските промени.

„Му благодарам на претседателот Макрон за одличниот прием“, додаде Сиљановска Давкова, со што ја нагласи важноста на билатералните и мултилатералните односи во областа на животната средина.

Присуството на македонската претседателка на овој форум се толкува како јасна порака дека Македонија има намера да биде дел од глобалната агенда за заштита на природата и климата, и покрај предизвиците со кои се соочува земјата на локално и регионално ниво.

Поврзани содржини