СИЉАНОВСКА ДАВКОВА ГО ПОМИЛУВА ПОРАНЕШНИОТ БИТОЛСКИ ГРАДОНАЧАЛНИК Талески има за доиздржување казна затвор од 3 години

Комисијата прифати делумно намалување на казната. Талески сега има за доиздржување казна затвор од околу три години.

981

Владимир Талески, поранешниот градоначалник на Општина Битола беше помилуван од претседателката Гордана Сиљановска Давкова, по укажување на комисијата помилување. Комисијата уважила барање на Талески и неговите адвокати за намалување на неговата казна и целосно ослободување, јави Телма.

Комисијата прифати делумно намалување на казната. Талески сега има за доиздржување казна затвор од околу три години.






Поранешниот битолски градоначалник по вторпат е помилуван од претседател на државата. Во 2016-та година, претседателот Иванов колективно потпиша аболиција на 56 лица, главно политичари и функционери меѓу кои беше и тогашниот градоначалник на Битола. Талески се сомничеше за финансиски злоупотреби за превоз на ученици од тогашното СЈО за што беше формиран и предмеот „Транспортер“.

По измените на законот за аболиција, тој сам побара да се повлече одлуката за негова аболиција. Во меѓувреме поднесе претставка до европскиот Суд за човекови права во Стразбур, а судот ги отфрли наводите на Талески во насока да се исцрпат сите правни средства во Македонија.

По измените на кривичниот законик лани, казните за делото за кое беше осуден Талевски се намалија поради што сега комисијата за помилување сметала дека на овој начин треба да се намали и казната на осудениот Талевски. Во 2022 година, Апелациониот суд донесе правосилна пресуда за случајот во кој Талески беше осуден на седум години затвор за злоупотреба на службената положба и овластувања во организирање на бесплатниот училишен превоз, но бидејќи во куќен притвор мина три години, за одлежување во затвор му останаа уште четири.

Во овој случај имаше и конфискација на нелегално стекнати пари, во износ од над половина милион евра. Неговиот некогашен соработник од Општина Битола, секретарот Слободан Бончановски, за истото кривично дело беше осуден на пет години и шест месеци затвор.

 

Поврзани содржини
na