Сијаличките на плоштад светкаат, ама кој да им се радува? (ФОТО)

Ништо не е исто како претходните години, а тоа многу добро го чувствуваат и самите граѓани.

600

Штуро, пусто, монотоно. Ваква е сликата на плоштадот во главниот град во ек на пандемијата со ковид-19 и во пресрет на новогодишните празници.

Ништо не е исто како претходните години, а тоа многу добро го чувствуваат и самите граѓани, кои, очигледно, годинава не се премногу расположени да им се воодушевуваат на новогодишните украси и да се фотографираат пред новогодишните сијалички.






Фотографиите се направени за време на викендот, во разумно време. Но, како што и самите можете да забележите, раздвиженоста е премала.

Поврзани содржини