ШВЕРЦУВАЛ ЕЛЕКТРОНСКИ ЦИГАРИ ВРЕДНИ 11.000 ЕВРА Македонец уапсен во Србија

Акцијата била спроведена во Прешево, каде полицијата го сопрела возилото со кое управувал осомничениот.

48

Припадници на српското МВР, по налог на Основното јавно обвинителство во Врање, приведоа 31-годишен македонски државјанин кај кој била пронајдена поголема количина електронски цигари без соодветна документација. Вредноста на запленетата стока се проценува на околу 1,3 милиони српски динари (над 11.000 евра).

Акцијата била спроведена во Прешево, каде полицијата го сопрела возилото со кое управувал осомничениот.






„Полициски службеници пронашле вкупно 1.303 парчиња електронски цигари ‘вејп’ од различни марки во багажниот простор на патничкото моторно возило управувано од осомничениот Х.К. (31). Стоката ја превезувал без придружни дозволи и одобренија издадени од надлежните органи на Србија“, соопшти српското МВР.

Македонскиот државјанин е осомничен за кривично дело „нелегална продажба на акцизни стоки“ и против него е поведена соодветна постапка пред надлежните органи во Врање.

Поврзани содржини