ШВЕРЦЕРСКИ ОБИД ЗА ВНЕСУВАЊЕ НА НОВ ДУП ВО КАРПОШ Левица обвинува дека ќе никнат 16 згради на местото на ГП Маврово

Пред еден ден гореа старите бараки, а веќе денес Општина Карпош објави презентација за нов ДУП со 16 нови згради на истата локација!, велат од Левица.

724

Се остваруваат црните предвидувања на карпошани дека на местото на работилниците на поранешно ГП Маврово, насилно се подготвува терен за новиот ДУП за Градска четврт С3 26!, информира Левица.

„Неверојатна случајност е дека општината токму сега се одлучува да го презентира овој план. Но, она што е сигурно е дека повторно се обидува шверцерски да се изигра мислењето и судот на жителите, со давање само 6 работни дена за поднесување на анкетни листови за истиот, и тоа само во бараките на Општина Карпош! И овој обид на Јакимовски да удоволи на желбите на инвеститорите нема да биде поддржан од советниците на Левица во Карпош и повторно ќе излеземе во пресрет на жителите на Влае за заштита на нивната заедница!“, пишува во соопштението од Левица.






Поврзани содржини
na