ШВЕДСКИ ГРАД НЕ ЗНАЕ ШТО ДА ПРАВИ СО 2 ТОНА НУТЕЛА Чоколадниот намаз не може во продавница ниту на ѓубриште

Решение за проблемот треба да најде шведската влада која треба да измени закон кој не дозволува производот да се уништи заедно со амбалажата.

161

Градските власти во шведскиот град Малме се соочуваат со необичен, но сериозен проблем – 2.260 тегли Нутела се заглавени во магацин, а во моментов не е дозволено ниту продажба ниту уништување.

Спорната Нутела  ја пронајдоа градските инспектори за време на рутинска контрола. Бидејќи точното потекло на производот не е познато, ниту е можно да се утврди синџирот на дистрибуција, според шведските закони, тој се третира како „непридружен производ“. Во такви случаи, законот ја забранува продажбата бидејќи нема гаранција за безбедноста на производот.






Сега проблем е и уништувањето на производот. Според новиот шведски закон за животна средина, кој стапи на сила на почетокот на 2024 година, не е дозволено да се фрлаат прехранбени производи заедно со амбалажата.

Содржината мора претходно да се одвои од амбалажата. Ова значи дека сите 2.260 тегли Нутела ќе треба да се отворат и испразнат рачно, што бара значителни ресурси – од работна сила до опрема.

Градот Малме нема потребни капацитети за тоа. Не постои договор со компанија за отстранување на отпад што би можела да преземе таква задача, а вработените во градската администрација не се обучени за ваков вид работа.

Исто така, исклучоци од законот не се можни, бидејќи институцијата не може да си даде законска дозвола да ги заобиколи прописите.

Затоа, е одлучено случајот да се упати до националната влада, со цел да се преиспита законот или да се воведат практични исклучоци за такви специфични ситуации.

Дотогаш, сите тегли Нутела остануваат на полиците – заробени помеѓу бирократијата и екологијата,

Поврзани содржини