ШВЕДСКА ГО НАМАЛУВА ЗА 50% ДДВ ЗА ХРАНА Од следната година ги намалува и даноците на доход и на профит

Владата планира во буџетот да вклучи серија стимулативни мерки во вредност од околу 80 милијарди шведски круни (околу 7,3 милијарди евра), меѓу кои и најавените намалувања на даноците на доход и профит.

60

Шведската влада планира да воведе привремено намалување на данокот на додадена вредност (ДДВ) на храната во буџетот за 2026 година, од сегашните 12 на 6 проценти.

Оваа мерка треба да стапи на сила во април 2026 година и да трае до крајот на 2027 година и ќе значи поевтинување на храната за 50%.






Како што изјави вицепремиерката Еба Буш, целта на намалувањето на данокот е да се олесни товарот на трошоците за живот на најранливите домаќинства и во исто време да се стимулира економското закрепнување.

– Оваа реформа најмногу ќе им користи на оние кои се најпогодени од економската криза – напиша Буш на мрежата X.

Оваа најава е дел од поширок предлог за буџет за 2026 година, која е исто така изборна година во Шведска.

Владата планира во буџетот да вклучи серија стимулативни мерки во вредност од околу 80 милијарди шведски круни (околу 7,3 милијарди евра), меѓу кои и најавените намалувања на даноците на доход и профит. Предлог-буџетот ќе биде презентиран пред парламентот на 22 септември.

Според најновите податоци од Шведскиот институт за статистика, инфлацијата се зголеми на 1,1% во август, додека во јули изнесуваше 0,8 %. Според индексот CPIF (кој го користи централната банка како мерка за монетарна политика), инфлацијата се зголеми од 3,0% во јули на 3,3 % во август.

Владата очекува БДП да порасне за 0,9% во 2025 година и за 3% во 2026 година.

Поврзани содржини