ШВЕДСКА ЌЕ АПЛИЦИРА ВО ПОНЕДЕЛНИК Свикана е вонредна седница за НАТО во парламентот

Исто така, се посочува дека шведската влада во петок ќе објави извештај за безбедноста по почетокот на конфликтот во Украина, а партијата на премиерката, Социјалдемократите, в недела ќе го изнесат својот став за членството во Алијансата.

150

Шведска ќе аплицира за членство во НАТО на 16 мај, во понеделник. Весникот „Експрес“ го објави врз основа на календарот за работа на шведскиот парламент, пренесува СрбијаДенес.

„Во понеделник премиерот ќе свика владина седница на која ќе се донесе историска одлука. Веднаш по средбата ќе биде поднесена апликација за членство во НАТО, доколку не се случи нешто непредвидено“, наведува весникот.






За понеделник веќе е свикана вонредна седница на парламентот, се наведува во написот.

Исто така, се посочува дека шведската влада во петок ќе објави извештај за безбедноста по почетокот на конфликтот во Украина, а партијата на премиерката, Социјалдемократите, в недела ќе го изнесат својот став за членството во Алијансата.

Истовремено, утринава Финска објави дека ќе аплицира во следните денови.

Поврзани содржини