Шведска ја призна грешката – требаше да се воведат ограничувања

Со месеци, Тегнел го бранеше својот пристап како поодржлив, додека ги критикуваше другите земји за нивните премногу рестриктивни мерки.

868

Шведскиот главен епидемиолог Андерс Тегнел призна дека требало да се воведат повеќе ограничувања за да се спречи ширењето на ковид-19.

Андерс Тегнел стои зад стратегијата на земјата да не се затвори поради пандемијата на коронавирусот.






Со месеци, Тегнел го бранеше својот пристап како поодржлив, додека ги критикуваше другите земји за нивните премногу рестриктивни мерки.

Но, во интервју за шведското радио денес, тој се согласи со домаќинот дека премногу луѓе во таа земја умреле, пренесува „BBC“.

– Ако би се соочиле со истата болест сега, со она што го знаеме денес, мислам дека би се наоѓале некаде помеѓу она што го направи Шведска и она што го направи остатокот на светот – рече Тегнел.

Шведска има најголема стапка на смртност по глава на жител од коронавирус во светот. Починале повеќе од 4.400 луѓе, додека соседна Норвешка, Данска и Финска имаат помалку од 600 жртви секоја од нив.

Поврзани содржини