Во 15 часот вчера во СВР Скопје било пријавено дека околу 14.40 часот, во близина на тоалетите на Меѓународниот aеродром Скопје, од обезбедувањето бил пронајден починат А.Х.(67) од Шведска.
Лекар констатирал смрт без траги на насилство. Увид извршила екипа на СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.