Додека трае пандемијата е предизвикана од коронавирусот, поранешниот гувернер на Калифорнија и актер Арнолд Шварценегер (72) ги советува своите следбеници на социјалните мрежи да останат дома, а друштво му прават неговото пони Виски и магарето Лулу.
Легендарниот актер сега повторно позираше со нив и снимката ја објави на Твитер.
„После тренинг дома, јас се хранам со Виски и Лулу“, напиша тој во описот на видеото кое веќе го гледале милиони луѓе на социјалната мрежа.
Освен тоа, „Терминаторот“ на Инстаграм им порачал на луѓето дека и во периодот на коронавирусот не мора да престанат со вежбањето.
„Постојат многу работи што не можеме да ги контролираме за време на оваа криза, затоа треба да се концентрираме на она што можеме. Ги подготвив за вас моите стари вежби за кои не ви треба теретана, како што ветив затоа што тоа е нешто што можеме да го направиме“, напишал актерот во описот на фотографиите од својата младост на кои вежба.