🎥 ШВАРЦЕНЕГЕР СТАНА ПОЧЕСЕН ДОКТОР НА УНИВЕРЗИТЕТОТ АЛСТЕР ВО БЕЛФАСТ Холивудската ѕвезда пречекана со транспаренти во Северна Ирска

Универзитетот Алстер во Белфаст соопшти дека му доделува почесен докторат на Шварценегер за неговиот придонес во јавната служба, животната средина и уметноста.

45

 

Холивудскиот актер и поранешен гувернер на Калифорнија, Арнолд Шварценегер доби почесен докторат од Универзитетот Алстер во Белфаст. Тој притоа се потсети на својата прва посета на градот пред 60 години, кога како 19-годишен бодибилдер учествувал на натпревар во 1966 година.






Ова било пред да го направи своето актерско деби во филмот „Херкул во Њујорк“ од 1970 година, објави „Скај њуз“.

– Прекрасно е да се вратиш во Северна Ирска и да имаш можност да го видиш ова за коешто не ни сонував кога имав 19 години, кога бев тука пред 60 години – дека еден ден ќе дојдам тука за да добијам почесен докторат. Ова е неверојатно! Се сеќавам на Белфаст со посебна топлина – рече глумецот.

Свеченоста беше проследена и со црвен тепих за познатиот гостин. Во преполната сала, студентите го пречекаа со транспаренти на кои пишуваше „Алстер се врати“ и „Аста ла виста Алстер“, додека некои држеа копии од филмот „Терминатор 2“, од каде што се преземени тие фрази.

Шварценегер им рече на студентите дека враќањето во Белфаст било „неверојатно“ и ја опиша својата прва посета на градот како „пресвртница“ што ја обликувала неговата љубов кон јавното говорење.

Универзитетот соопшти дека му доделува почесен докторат на Шварценегер за неговиот придонес во јавната служба, животната средина и уметноста.

Проректорот на универзитетот, професор Пол Бартоломеј, рече дека Шварценегер оставил длабок белег во светската култура преку спортот, филмот и јавните потфати, користејќи ја својата платформа за хуманитарни и еколошки цели.

 

Поврзани содржини