Популарниот актер Арнолд Шварценегер (73) пред десетина дена имаше операција на срцето, а фотографите сега го „уловија“ како вози автомобил низ Лос Анџелес како ништо да не се случило.
Шварценегер се вратил на своите секојдневни обврски и живот со својата девојка Хедер Милиган, а во петокот им се пофалил на обожавателите дека се чувствува одлично.
„Благодарение на сите во болницата Кливленд, токму поради нив имам нов залисток на аортата кој стои покрај мојот нов залисток на белите дробови од последната операција“, напишал Шварценегер на Инстаграм по операцијата, додавајќи дека не може да се чувствува подобро.
Бројните обожаватели напишале дека се среќни кога знаат дека холивудската легенда е добра, а на објавата реагирал и неговиот син Патрик. Тој напишал дека го молел својот татко да не оди веднаш во теретана, туку да обрне внимание на сè што ќе му речат лекарите.
Арнолд Шварценегер и претходно имаше проблеми со срцето, а во 1997 година беше опериран.
FOTO: Instagram