ШВАЈЦАРСКО „НЕ“ ЗА ГЕРМАНИЈА Нема да се извезува муниција за оклопните транспортери во Украина

Државниот секретаријат за економски прашања на Швајцарија потврди дека на двете прашања од Германија – дали муницијата добиена од Швајцарија може да се испрати во Украина, „било негативно одговорено со забелешка за швајцарската неутралност“.

791

Швајцарија отфрли две барања од Германија за извоз на швајцарска муниција во Украина, наведувајќи ја како причина нејзината неутралност во конфликтот меѓу Русија и Украина.

Државниот секретаријат за економски прашања на Швајцарија потврди дека на двете прашања од Германија – дали муницијата добиена од Швајцарија може да се испрати во Украина, „било негативно одговорено со забелешка за швајцарската неутралност“.






На Германија ѝ е потребна согласност од Швајцарија за испорака на муниција, што е пропишано со договорот за продажба.Швајцарија одби да коментира каков тип муниција Германија сака да испрати во Украина. Порталот Б92,  повикувајќи се на германски Зондагцајтунг пишува дека се работи за муниција за оклопните транспортери „Мадер“.

Некои медиуми објавија дека фирмата „Реинметал“ испратила барање до германската влада за одобрување за продажба на 100 пешадиски борбени возила на Украина. Меѓутоа, муницијата е купена во Швајцарија и потребно е швајцарско одобрување.

„Во Берлин веќе се обвинуваат дека Швајцарија е делумно одговорна за тоа што германските оклопни транспортери не ѝ биле испорачани на Украина“, пишува весникот.

 

Поврзани содржини