Швајцарската Влада ќе ги сноси трошоците за тестирање на коронавирус

189

Швајцарската Влада денеска соопшти дека од утре ќе ги сноси сите трошоци за тестирање на коронавирусот, пренесоа британските медиуми.

Од утре ќе почне со употреба и апликацијата за следење на заразените, со цел да се спречи ширењето на вирусот откако во земјата се олабавија мерките.






Швајцарската Влада соопшти дека од утре ќе ги сноси сите трошоци за тестирање на коронавирус и антитела, како и дека ќе го поедностави системот за тестирање. Апликацијата за мобилната телефонија, што ќе се користи од утре, исто така, да предупредува кои луѓе се потенцијално заразени со коронавирусот.

Во Швајцарија, во последните 24 часа бројот на заразени со коронавирусот се зголеми за 44 лица, на 31.376, а како последица на Ковид-19 од избувнувањето на пандемијата умреа 1.958 лица.

Поврзани содржини