🎥 ШВАЈЦАРЕЦ НА ЧЕКОР ОД СМРТТА ОТКАКО СКОКНАЛ ОД СТАРИОТ МОСТ ВО МОСТАР За малку ќе паднел врз глисер – изел ќотек од гневни граѓани

Швајцарецот Лука Бонт на Инстаграм напишал дека не му е јасно зошто бил нападнат, но се пошегувал дека сега станал познат во Босна и Херцеговина.

1,572

Во Мостар се случи инцидент што предизвика силни реакции, кога Швајцарецот Лука Бонт  – неразумно, без најава, облечен и, според сè, пијан – скокнал од Стариот мост, ризикувајќи ги својот и туѓите животи. За малку ќе паднел врз глисер што пловел по Неретва веднаш под него, објави Слободна Далмација.

Откако излегол од реката, го пречекала група лути Мостарци кои физички го нападнале, огорчени од неговиот неодговорен потег.






Бонт на Инстаграм напишал дека не му е јасно зошто бил нападнат, но се пошегувал дека сега станал познат во Босна и Херцеговина.

Погледнете снимка од друг агол – директно од мостот, токму во моментот кога скокнува.

Поврзани содржини