„ШУТ КАРТА“ ЗА ЃОКОВИЌ Австралија одлучи да ја поништи визата, Новак ќе биде депортиран!

Министерот за имиграција Алекс Хок му ја укина визата на Новак Ѓоковиќ! Одбивањето се заснова на фактот дека одлуката е од јавен интерес - изјави министерот Алекс Хок, а пренесуваат медиумите во Австралија.

1,113

Шокантна вест од Австралија – Министерот за емиграција Алекс Хок донесе одлука да го депортира Новак Ѓоковиќ од земјата! Оваа одлука несомнено е еден од најголемите спортски скандали во 21 век.

– Министерот за имиграција Алекс Хок му ја укина визата на Новак Ѓоковиќ! Одбивањето се заснова на фактот дека одлуката е од јавен интерес – изјави министерот Алекс Хок, а пренесуваат медиумите во Австралија.

 






За жал, тоа се случи и очигледно по објавата на Новак на Инстаграм во која тој призна дека отишол на закажаното интервју за француски „Л’Екип“ знаејќи дека е заразен со ковид-19.

Која е вистинската причина?

Причината е пред се од политичка природа. Престојот на невакцинираниот Новак Ѓоковиќ во Мелбурн и неговото појавување на Грен слем беше, пред се, катастрофален ПР за австралиските политичари на власт, бидејќи нивните граѓани и гласачи веќе две години живеат под една од најстрогите антиковид мерки во светот.

И покрај тоа што повеќе од 80% од населението е ревакцинирано, Австралија е остров, изолиран од други територии, па секој нов посетител на оваа земја поминува низ далеку построга контрола.

Катастрофа за Новак Ѓоковиќ

Друга работа е што треба да разбереме како функционира свеста на просечниот Австралиец. Луѓето се навикнати да го почитуваат уредниот општествено-политички систем и цел живот функционираат според овие правила.

Кога милиони Австралијци, кои две години живеат во услови на ограничена слобода и покрај тоа што се вакцинирани, ќе ја објават веста дека невакциниран тенисер, дури и да бил најдобар играч на сите времиња и деветкратен шампион на Австралија опен, ќе добие специјална дозвола да игра во нивната земја, а тоа по судењето во кое практично ја „победи Австралија“, тоа предизвикува посебна реакција кај луѓето.

Додадете ги на тоа и изборите кои следуваат за три месеци, сликата ќе биде уште покомплетна.

Австралиските власти едноставно не се осмелија да си дозволат такво политичко самоубиство.

Сè изгледаше ветувачко, а потоа … ладен туш

Колку што Новак Ѓоковиќ беше победник во понеделникот наутро. Судијата Ентони Кели објави дека српскиот тенисер има право да остане во Австралија бидејќи е постигнат договор меѓу правните тимови на Ѓоковиќ и австралиската влада. Само 48 часа подоцна, светскиот рекет број 1 го погоди можеби најголемиот „удар“ од почетокот на сагата околу Австралија опен, до тој степен што австралиските власти повторно ја започнаа приказната за депортација, а на крајот, за жал, ја ставија во пракса.

Поврзани содржини