ШУМСКИТЕ ПОЖАРИ НЕ СТИВНУВААТ Утрово се активни во четири региони

Центарот за управување со кризи информира дека под контрола е пожарот во општина Демир Хисар, кај село Вардино.

113

Вчера имаше вкупно 32 пожари на отворен простор, од кои активни се 4, под контрола е еден, а изгаснати се 27, соопшти Центарот за управување со кризи. (ЦУК)

Во општина Чашка и денеска гори мешана шума на планината Мукос во атарот на селата Степанци,  Оморани и Ораов Дол. Нискостеблеста вегетација гори кај прилепските села  Пештани,  Кокре и Кален.






Активен е пожарот кај штипските села  Хаџи Хамзали, Едеклерци и Топлик, како и на полигонот Криволак, а во скопската општина  Чучер-Сандево опожарена е мешана шума кај селото Танушевци.

Според  ЦУК под контрола е пожарот во општина Демир Хисар, кај село Вардино, а изгаснати се вкупно 27 пожари.

Поврзани содржини