Штркови долетаа кај Росоман среде снег, мештаните се крстат
Од Здружението за заштита на природата „Аквила" сметаат дека можеби штрковите воопшто не мигрирале на југ.
Во Тиквешко, во полето кај росоманското село Манастирец, долетаа штркови, иако оваа појава среде снег во февруари не е вообичаена.
Од Здружението за заштита на природата „Аквила” сметаат дека можеби штрковите воопшто не мигрирале на југ.
– Ова е нешто што првпат го видовме сега. Не само што е рано, туку е и надвор од памет сега да се видат штркови. Или воопшто не мигрирале кон потоплите краишта како порано или немам објаснување како дошле толку рано, вели за МИА претседателот на Здружението за заштита на природата, Емануел Лисичанец.
Во селото Манастирец од порано има неколку гнезда со штркови на кои им се радуваат и мештаните, но и оние кои поминуваат оттаму.