ШТРАЈКОТ Е НЕЗАКОНИТ Железници Tранспорт тврди дека машиновозачите примаат редовно плата
Од компанијата велат дека во услови на пандемија и енормно зголемена цена на електричната енергија редовно се исплаќаат платите и надоместоците на вработените, а во изминатиот период се зголемени и нивните плати.
Железници Транспорт соопштија дека сметаат дека штрајкот на машиновозачите е незаконски, бидејќи не е организиран согласно законот за работни односи и колективниот договор на компанијата.
„Истиот не е предизвикан од социјален момент и условите за извршување на работните задачи, туку од лична корист на машинскиот персонал кој има тримесечен просек на плата од 50.808 денари“, се вели во образложението на Железници транспорт за незаконитоста на штрајкот.
Од компанијата велат дека во услови на пандемија и енормно зголемена цена на електричната енергија редовно се исплаќаат платите и надоместоците на вработените, а во изминатиот период се зголемени и нивните плати.
-Напоменуваме дека на вработените им е исплатен првиот дел од платата за декември лани – велат од компанијата.
Оттаму додаваат дека со овој штрајк и прекинот на железничкиот сообраќај на компанијата и на Железници Инфраструктура им се нанесува директна штета.
Од команијата најавуваат дека во следното соопштение ќе ги соопштат имињта на машиновозачите кои штрајкувале и кои возови не сообраќале во овие два дена додека трае штрајкот.
Машиновозачите втор ден штрајкуваат со барање да го добијат вториот дел од декемвриската плата.