„ШТО СТЕ СЕ ФАТИЛЕ ЗА ИЉАЗИ, ТАА НЕ ГО ПРЕКРШИЛА ЗАКОНОТ“ Демири објасни зошто не ја разрешил директорката на Токсикологија

Вие сте се фатиле околу Бесија Иљази, таа не ги вработила тие 18 лица, тие се вработени 2023, каде бевте вие, новинарите, директорите и министрите да кажувате за кавлитет и за неквалитет? И зошто дозволувате тие луѓе да се на список за дежурства и на смени, а реагирате еден месец пред изборите?, им одговори Демири на новинарите.

1,185

Министерот за здравство во техничката влада Илир Демири вели дека не ја разрешил организационата директорка на Токсикологија Бесија Иљази затоа што немало доказ дека го прекршила законот.

– Вие сте се фатиле околу Бесија Иљази, таа не ги вработила тие 18 лица, тие се вработени во 2023 година. Каде бевте вие, новинарите, директорите и министрите да кажете за квалитет и за неквалитет? И зошто дозволувате тие луѓе да се на список за дежурства и на смени, а реагирате еден месец пред изборите? Јас чекав да поминат изборите, дел од фактите ги објавив на страната на Министерството. Медицинскиот директор и колегата кои правеа мобинг ги разрешив. Иљази во ниеден момент не го прекршила законот – рече Демири.






Тој им рече на новинарите дека не треба да се занимаваат со тоа „кој остави 18 луѓе без леб“ туку со други поважни прашања. Тој потоа наведе некои од проблемите на Клиниката за онколгија која нема довод на кислород за своите сали, проблемите на пациентите со цистична фиброза, немањето список на пациенти кои се лечат со програмата за ретки болести, а наведе и дека речиси сите клинички центри кои неколку години се градат во други градови во земјата доцнат со роковите.

Во врска со извештајот на Државниот санитарен инспекторт (ДСЗИ), тој одговори:

– Јас треба да ги добијам извештаите пред да излезат во медиумите. Да функционираше системот сигурно Македонија ќе беше во подобра позиција. Кај бевте пред 10 години зошто инвестираме во недоходовни гранки наместо да инвестираме во компресорската станица, во стерилизацијата на инструментите кои се срцето на Клиничкиот центар. Зошто актуелните лекари потпишале договор за стерилизација, а сега се противат?

Поврзани содржини