ШТО СЕ СЛУЧУВА СО СТРУЈАТА ВО САД? Вака не се трошела уште од 1945 година

Стразик ја истакна важноста на гасната енергија во поддршката на новите центри за обработка на податоци, што интензивно се градат во САД, и преминот кон обновливи извори на енергија. Според него, без природен гас е невозможно да се достигнат глобалните цели за обновлива енергија.

259

Потрошувачката на енергија достигна највисоко ниво во САД, досега невидено од 1945 година наваму и тоа бара итна модернизација на енергетската инфраструктура, изјави генералниот директор на GE Vernova, Скот Стразик.

Во изјава за телевизијата „Си-Ен-Би-Си“ тој предупреди дека електро-дистрибутивната  мрежа е на границите од својата издржливост и дека е неопходна повторна изградба слична на онаа од 1945 година, за зголемен економски раст и национална безбедност.






Стразик ја истакна важноста на гасната енергија во поддршката на новите центри за обработка на податоци, што интензивно се градат во САД, и преминот кон обновливи извори на енергија. Според него, без природен гас е невозможно да се достигнат глобалните цели за обновлива енергија.

Во контекст на технолошката трка со Кина, од Гугл предупредија на можност од енергетска криза, бидејќи постои недостиг од  капацитет за напојување на дата-центрите.

Северноамериканската организација за сигурност на електроснабдувањето предвидува драматичен пораст на оптоварувањето на мрежите во наредните десет години а поради зголемена побарувачка, вклучително и од вештачката интелиганција и црпењето на рудни минерални ресусри.

Поврзани содржини