ШТО СЕ СЛУЧУВА СО НОВАК ЃОКОВИЌ? Одговорот ќе го даде Ник Киргијос

Австралискиот тенисер кој веќе подолго време го нема на теренот, стана многу поактивен пред микрофонот и најави дека негов следен гостин во поткастот „Good trouble“ ќе му биде токму Новак Ѓоковиќ.

1,117

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ ќе гостува во поткаст на контроверзниот Ник Киргијос. Австралискиот тенисер кој веќе подолго време го нема на теренот, стана многу поактивен пред микрофонот и најави дека негов следен гостин во поткастот „Good trouble“ ќе му биде токму Ѓоковиќ.

Фановите веќе очекуваат големо шоу, но и одговор на многу прашања поврзани со српскиот тенисер.






Што се случува со Новак Ѓоковиќ? Дали навистина ја загуби мотивацијата за тенис во овој момент, дали е повреден или во прашање е нешто друго друго? Ако се земе предвид директноста на Киргијос и начинот на кој зборува нема сомнение дека прашањата и одговорите ќе донесат нешто интересно и ново.

Ник Киргијос последниот и воедно единствен меч минатата година го одигра на 13 јуни во Штутгарт, каде загуби од Џибинг Ву (7:5, 6:3), а потоа се повлече поради повреда и оттогаш не е на теренот. Охрабрувачка вест е дека следниот вторник ќе објави и снимки од теренот и се чини дека наскоро би можел да се врати и да игра.
Кога станува збор за Ѓоковиќ, тој се мачи на почетокот на оваа сезона. Србинот загуби во полуфиналето на Австралија опен од Јаник Синер. Потоа реши да направи долга пауза и порано замина во Индијан Велс, беше во авион со Рафаел Надал, а потоа доживеа шокантен пораз. Лука Нарди го победи во третото коло. Ѓоковиќ по поразот реши да се повлече од Мастер турнирот во Мајами, а интересно е што деновиве е сепак на Флорида, но без рекет во рацете и не е на терен, туку на плажа.

Поврзани содржини