ШТО СЕ СЛУЧУВА СО КОРОНАТА? Вирусот слабее, но сѐ уште постојат ризици

Денес, Ковидот е помалку ризичен одошто на почетокот, што укажува на подобрување на општата ситуација. Луѓето со здрав имунолошки систем подобро се справуваат со вирусот бидејќи нивниот имунитет ги памети претходните варијанти на Ковид и реагира посоодветно. Вирусот еволуира и станува побезопасен бидејќи така ќе живее подолго во домаќинот.

166

Случаите на Ковид 19 се поретки, за здравствените ризици се помали од оние во минатите години. Последните податоци покажуваат околу 22.073.000 (0,27% од светската популација) заболени од кои 22.037.000 (99.84%) се во лесна здравствена состојба, а 36.334 (0,16%) се во посериозна здравствена состојба. Ова е драстично опаѓање на бројките. Постојат проблеми со овие податоци, а тоа е фактот што луѓето веќе не ги објавуваат резултатите од нивните тестирања, па се претпоставува дека бројката е поголема. Сепак, таа е многу помала од порано.

Некои опасности сѐ уште постојат






Грижата сега е околу долгиот Ковид, назив за хронични симптоми кои траат три месеца по заболувањето поради необјаснива причина. Според д-р Реј Данкан, кардиолог и медицински истражувач на Ковид, истражувањата покажуваат сериозни компликации од вирусот кои можеби не се забележуваат со години.

– Долгиот Ковид е само дел од спектарот на Ковид заболувања – вели д-р Данкан.

Зголемениот број инфекции можеби го зголемува ризикот од кардиоваскуларни и невролошки заболувања, како и ризикот од тивки оштетувања на органите.

Сепак, прогнозата е добра

Секако, денес, Ковид е помалку ризичен одошто на почетокот, што укажува на подобрување на општата ситуација. Луѓето со здрав имунолошки систем подобро се справуваат бидејќи нивниот имунитет ги памети претходните варијанти на Ковид и реагира посоодветно, а вирусот еволуира и станува побезопасен бидејќи така ќе живее подолго во домаќинот. Вирусите „сакаат“ живи домаќини бидејќи практично се паразити, а домаќините им помагаат да се размножат. Но, потребни се повеќе истражувања во подолг временски период за да се разберат сите ризици и последици од Ковид 19.

Поврзани содржини