ШТО СЕ СЛУЧИ ВО ВОЗДУШНИОТ ПРОСТОР НА КАМЧАТКА? Исчезна хеликоптер со 22 патника
Хеликоптерот Ми-8Т полетал од база во близина на вулканот Вачкажец, но потоа изгубил контакт.
Хеликоптер со тричлен екипаж и 19 патници исчезна на источниот руски полуостров Камчатка, соопшти Федералната агенција за воздушен транспорт на Русија.
Хеликоптерот Ми-8Т полетал од база во близина на вулканот Вачкажец, но потоа изгубил контакт.
„Во тек е операција за пребарување и спасување, чија цел е да се утврди локацијата на леталото“, објави меѓурегионалното одделение за сообраќај на Истражниот комитет на Русија на својот профил на Телеграм, пренесува ТАСС.
Надлежните почнале истрага за нарушување на безбедноста и работењето на воздушниот транспорт.