ШТО СЕ ДИПФЕЈК ВИДЕА? Морничаво точни монтажи од јавни личности ВИДЕО

„Ова може да варира од возрасни стримери кои носат лица на славни личности без согласност, до биометриски измами, како што се залажување системи за препознавање на лицето“.

354

Можеби веќе сте гледале интернет-видеа во кои лицето од еден политичар е совршено, дури надреално „монтирано“ врз лицето од друг. Да, дипфејк (deepfake) технологијата е морничаво софистицирана. Таа може да направи 50-годишен маж да го има лицето на жена… всушност, таа може да направи кој било да ги има лицето на кој било друг, пишува Футуризам. А, зошто и тоа да не оди во живо, како на скајп или зум?

DeepFaceLive е софтвер со вештачка интелигенција кој може да го трансформира вашето лице во туѓо лице на видео конференции и платформи за стриминг, според The Daily Dot. Создаден е од развивач познат на Интернет како Иперов.






Еве еден солиден пример за DeepFaceLive во акција од корисник на ТикТок кој го имитира Терминатор. Всушност, Терминатор го следи неговото движење и говор.

 

Видете ги овие дипфејкови на Шварценегер и Сталоне како прават свое Јутјуб-шоу. Не се користени никакви маски при снимањето, само софтвер и двајца ентузијасти. 

Се разбира, ова може да има многу криминални злоупотреби. На крајот на краиштата, алатката што ви овозможува да изгледате како некој друг, може да биде неверојатно опасна дадена во погрешни раце.

– Многумина ќе го видат DeepFaceLive како забавна алатка за пренос во живо на Twitch или апсурдни видеа на ТикТок, но моето истражување на дипфејковите постојано покажува дека постојат многу други луѓе кои ќе ги злоупотребат – рече за DailyDot Хенри Аџер, шеф за комуникации и истражувачки анализи во компанијата Deeptrace.

Во продолжение, 20 најдобри дипфејкови според Mojo.

Тој продолжи: „Ова може да варира од возрасни стримери кои носат лица на славни личности без согласност, до биометриски измами, како што се залажување системи за препознавање на лицето“.

Па така, иако е забавно да се преправате дека сте Арнолд Шварценегер или Том Круз на ТикТок, постои сериозен ризик што доаѓа со технологијата за длабоки лажни информации. Без сомнение, како што сè станува пософистицирано, сè повеќе ги гледаме лошите страни на технологијата.

Поврзани содржини