ШТО САКА ДА СКРИЕ ВЛАСТА Опозицијата обвини дека власта одбива расправа за модуларната болница

СДС и ДУИ гласаа против предлогот да се разговара отворено за пропустите при поставување и начинот на градба на болниците, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

490

Власта се плаши од вистината и не сака да се зборува за околностите поврзани со тетовската трагедија и горењето на модуларната болница. Денес тие го одбија предлогот на пратеничката група на Комисијата за труд и социјална политика да се разгледува информација во врска со реализација на проектот за набавка и пуштање во употреба на модуларните болници, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

– СДС и ДУИ гласаа против предлогот да се разговара отворено за пропустите при поставување и начинот на градба на болниците. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ беше поттикната да побара расправа пред сè поради многуте нејаснотии врзани со начинот на градба, немањето на употребна дозвола и сериозните пропусти при градбата на модуларните болници. Што сака да скрие власта – прашува опозициската партија.






Според ВМРО-ДПМНЕ на овој начин „неславното трио Заев, Филипче и Хасани станаа главни виновници за кочењето на истрагата поврзана со овој случај“.

 

Поврзани содржини