ШТО ПОБАРА ГАШИ ОД ЗАЕВ? Скендер Реџепи објави фотка од нивна средба во Струмица

Според поренешниот сопартиец на Гаши, активистите на Алтернатива, како и пошироката јавност заслужуваат да ја знаат вистината за оваа средба.

2,094

Независниот пратеник Скендер Реџепи кој е поранешен сопартиец на претседателот на Алтернатива Африм Гаши на својот фејсбук профил објави фотографија од средба меѓу Гаши и поранешниот премиер Зоран Заев во Струмица.

Непознато е од кога датира оваа фотографија но, Реџепи прашува: што денеска побарал Гаши од Заев?  во објавата постирана вчера.






„Прашање за 1 милион евра??? Што побара денес Африм Гаши од Зоран Заеви, и зошто мораше да оди дури до Струмица? Активистите на Алтернатива, како и пошироката јавност заслужуваат да ја знаат вистината за оваа средба“, напиша Реџепи.

Поврзани содржини