ШТО ПОЈАДУВАШЕ ЈОКИЌ ЗА ДА ОСВОИ 90 ПОЕНИ ЗА 48 ЧАСА? Нема повеќе бурек и Кока-Кола за асот на НБА

Новинарите се насмеале, а дел од нив потсетиле дека некогаш Јокиќ утрата ги започнувал со „бурек и кока-кола“. Денес неговата исхрана е дел од професионалниот режим што го држи на врвот на НБА.

1

Тајната на добриот појадок е причината за неверојатниот подем на Никола Јокиќ. Во само 48 часа тој постигнал вкупно 90 поени, прво 35 против Сакраменто, а потоа неверојатни 55 против Лос Анџелес Клиперс, и повторно го оставил целиот НБА свет во чудо, јави DNVR Sports.

По натпреварот во Лос Анџелес, центарот на Денвер бил запрашан како успева да биде толку свеж во мечеви што се играат еден по друг ден.






– Станувам, добро појадувам, одмарам малку, доаѓам овде, повторно јадам, се загревам и тоа е тоа – рече Јокиќ, со насмевка која предизвика смеа кај новинарите.

Кога се обиделе да дознаат што точно јаде, тој скромно додал:

– Многу работи. Авокадо тост, овесни, јајца… Ух, не знам што уште, ха-ха.

Новинарите се насмеале, а дел од нив потсетиле дека некогаш Јокиќ утрата ги започнувал со „бурек и кока-кола“. Денес неговата исхрана е дел од професионалниот режим што го држи на врвот на НБА.

Во постар разговор, Јокиќ открил дека појадокот му е најважниот оброк во денот:

– Кајгана од пет јајца, со сланина, шунка и спанаќ. Не смее да биде премногу суво, ниту течено. Потоа овесна каша со ореви, бадеми, боровинки и мед. И шејк со банана, шумско овошје и сок од јаболко. Тоа е околу 5.000 калории – рекол тој со насмевка.

Но, повеќе од храната, импресивна е неговата смиреност. И по 90 поени за два дена, Јокиќ не покажал еуфорија.

– Не размислував за тоа колку поени ќе дадам. Победата е најважна. Повеќепати сум постигнувал 50 и сме губеле, така што ова ми е прва победа со толку поени – истакна Јокиќ, кој сепак самокритички додаде дека промашил неколку лесни обиди.

Поврзани содржини