ШТО ОТКРИЈА ДОКУМЕНТИТЕ ЗА ПУТИН, ЃУКАНОВИЌ, ТОНИ БЛЕР…? Тајни сметки, перење пари, трилиони долари…

Од договорот може да се види дека Ѓукановиќ го формирал „Victoria Trust“, а неговиот син „Capecastel Trust“. Тие наведуваат минимален основачки влог и прецизираат дека во фондовите, во кој било момент можат да бидат внесени имоти од самите основачи и од други лица. Фондовите се воспоставени за период од 80 години, а компанијата што управува со нив е овластена да купува и продава недвижен имот и компании во име на Ѓукановиќ.

841

Тајни документи за богатството и офшор-сметките на 35 светски лидери и околу 300 службеници објавија „Би-би-си“ и „Гардијан“ и го шокираа светот. Владимир Путин имал недвижен имот во Монако, а долгогодишниот премиер на Црна Гора Мило Ѓукановиќ имал фирма на Девствените Острови во Британија, кралот на Јордан криел 70 милиони долари во имот, а Тони Блер испрал 360.000 евра наводно купувајќи канцеларија за себе и жена си, дознава МИА.

Сè на сè, трилиони долари се скриени во даночните раеви ширум светот, а данок кријат и медиумски личности како Клаудија Шифер, пејачката Шакира, режисерот Константин Ернст и возачот на формула Луис Хамилтон. Всушност, за да биде направено истражувањто биле ангажирани 600 новинари од 117 земји од светот, а досега откриени се 336 лидери и моќници и над 29.000  офшор-компании, пишува Индекс.






Путин имал имот во Монако, Бабиш вили во Франција

Документите го поврзуваат рускиот претседател Владимир Путин со недвижен имот во Монако. Тие исто така откриваат дека чешкиот премиер Андреј Бабиш, кој учествува на изборите следната недела, не пријавил офшор инвестициска компанија преку која купил две вили во јужна Франција за 14 милиони евра.

Тони Блер купувал канцеларија, а всушност купил офшор компанија

Тие, исто така, покажуваат дека поранешниот британски премиер Тони Блер и неговата сопруга заработиле 360.000 евра со затајување данок на имот кога купиле канцеларија во Лондон со купување на офшор компанија која ја поседувала зградата.

Милан Ѓукановиќ и синот Блажо – цареви на Девствените Острови

Како што пренесува утрово РТЦГ меѓу документите е и името на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ и членови на неговото семејство. Вања Чаловиќ Марковиќ и Дејан Миловац пишуваат дека Мило и Блажо Ѓукановиќ склучиле тајни договори за управување со нивниот имот во 2012 година, криејќи се зад комплицирана мрежа на поврзани компании од Велика Британија, Швајцарија, Британските Девствени Острови, Панама и Гибралтар. Синот на претседателот на Црна Гора ја искористил оваа структура за да формира две скриени компании со фирми-ќерки во Лондон и Црна Гора.

Меѓу документите што ги проучуваа истражувачките новинари на МАНС, пронајдени се заверени копии од договорот за собирање средства што Мило и Блажо Шукановиќ го склучиле на 21 јуни 2012 година со CM Skye 2 (PTC) Limited, регистриран на Британските Девствени Острови.

Богатството на Ѓукановиќ ќе трае 80 години

Од договорот може да се види дека Ѓукановиќ го формирал „Victoria Trust“, а неговиот син „Capecastel Trust“. Тие наведуваат минимален основачки влог и прецизираат дека во фондовите, во кој било момент можат да бидат внесени имоти од самите основачи и од други лица. Фондовите се воспоставени за период од 80 години, а компанијата што управува со нив е овластена да купува и продава недвижен имот и компании во име на Ѓукановиќ, да отвора нови компании и жиро сметки, да дава и зема заеми и да извршува разни други задачи.

Дека навистина станува збор за претседателот на Црна Гора и неговиот син покажува и заверената документација што била приложена при формирањето на фондовите – дипломатскиот пасош на Мило Ѓукановиќ и сметката за вода од неговата адреса во Подгорица, која служела како доказ за престој. Неговиот син доставл црногорска лична карта и фактура за изнајмување стан во Лондон, пишува МАНС.

Србинот Синиша Мали имал пет милиони евра и 24 вили

Во документите е и името на актуелниот министер за финансии на Србија и поранешен градоначалник на Белград Синиша Мали.

Новинарите од КРИК и мрежата OCCRP во 2015 година открија дека Синиша Мали, купил 24 луксузни апартмани во бугарското летувалиште Свети Никола на Црното Море. Вредноста на становите била околу пет милиони евра. Мали ги обвини дека лажат и призна дека купил еден стан, оној што бил регистриран на негово име.

Српскиот претседател Александар Вучиќ со години го брани својот близок соработник од сомненија за вмешаност во корупција, исто така, тврдејќи дека КРИК лаже.

– Имам апсолутна доверба во министерот Синиша Мали – рече Вучиќ претходно оваа година.

Александар Вучиќ и Синиша Мали

Но, како што пишува КРИК, Пандорините документи докажаа дека Синиша Мали бил сопственик на станови и две офшор компании. Мали ги купил становите во 2012 и 2013 година, во време кога беше економски и финансиски советник на тогашниот прв вицепремиер на Србија, Александар Вучиќ.

Мали купил 24 апартмани во Бугарија од компанија на Срѓан Дабиќ, поранешен кошаркар и директор на српската филијала на познатата руска нафтена компанија Лукоил. Тој не одговорил на повикот на новинарите на КРИК за интервју или на деталните прашања што му ги испратиле.

Кој ги објави документите?

„Пандорините документи“ се најнови од серијата тајни документи што протекоа во последните седум години, по фајловите FinCen, Рајските документи, Панамските документи и Лукс Ликс.

Во повеќето земји, ваквите постапки не можат да се гонат, но ИЦИЈ ги спореди говорите на политичарите против корупција со нивната инвестиција во даночни раеви. Кенискиот претседател Ухуру Кенијата во неколку наврати изјави дека е подготвен да се бори против корупцијата и ги обврза државните службеници да бидат транспарентни во врска со нивниот имот

Американскиот центар за јавен интегритет во 1997 година го основаше ИЦИЈ, кој стана независен ентитет во 2017 година. Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари е независна меѓународна мрежа со седиште во Вашингтон, со повеќе од 200 новинари и 100 медиумски организации во повеќе од 70 земји.

Луис Хамилтон, Најк и премиерот на Исланд

ИЦИЈ стана познат во април 2016 година, по објавувањето на Панамските документи, истрага базирана на околу 11,5 милиони документи од панамска адвокатска фирма. Тогаш ги открија скриените средства на илјадници клиенти на Мосак Фонсека, вклучувајќи и некои познати личности. Документите предизвикаа оставки на исландскиот премиер Сигмундур Давид Ганлаугсон и пакистанскиот премиер Наваз Шариф.

Во ноември 2017 година, ИЦИЈ ги објави Рајските документи врз основа на нов сет документи од друга финансиска компанија, Appleby. Меѓу познатите имиња и истраги за потези за криење на имотот и затајување даноци се принцот Чарлс, шампионот во Формула 1, Луис Хамилтон и компанијата Најки.

Поврзани содржини